ТРИПУНОВСКИ: СДСМ продолжува со политичкиот реваншизам кон политичките неистомисленици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски на својот Фејсбук истакна дека власта на СДСМ продолжува со политичкиот реваншизам врз членовите и симпатизерите на опозицијата.

Тој го спомена својот личен случај кој како што вели тој кулминирал со негов отказ, поради фактот што Трипуновски држел прес конференции за ВМРО-ДПМНЕ надвор од своето работно време. За крај тој му порача на Николовски да престане да се занимава со него туку да се фати за работа и решавање на проблемите на земјоделците.

-СДСМ продолжува со политичкиот реваншизам кон политичките не истомисленици .Сакам уште еднаш да презентирам пред целата јавност како се однесуваат функционерите на СДСМ кон сите оние кој имаат различно мислење од нивното . Реваншизмот на Николовски кулминираше со предлогот на дисциплинската комисија која на 10.12.2018 донесе решение за отказ за одржани прес-конференции надвор од работно време и надвор од работното место. На истото решение согласно процедурите поднесов жалба до Агенцијата за Администрација каде што истата беше уважена и предметот беше вратен на повторно одлучување. Повторената постапка на истата комисија составена од партиските истомисленици како и министерот Николовски донесоа повторно решение за отказ од работното место во Министерството. Постојат безброј докази дека немам прекршување на ниту еден член од законот, единствено прекршување е тоа што имам различна партиска обоеност од Министерот. Му порачувам на Николовски да престане да се занимава со мене и конечно да се фати за работа и решавање на проблемите на земјоделците.

СДСМ продолжува со политичкиот реваншизам кон политичките неистомисленици .Сакам уште еднаш да презентирам пред целата…

Posted by Cvetan Tripunovski on Friday, February 1, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This