Трипуновски со ветување до земјоделците: Ќе се инвестираат 640 милиони евра за субвенции и 80 милиони за водостопанството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство дене беше во посета на изборната единица 6, во посета во општина Јегуновце и општина Брвеница, по што со жалење да констатирше дека секаде во Република Македонја сликата е речиси иста.

Земјоделците изминативе три години ги доживеаја неправди, односно потценување на нивниот труд во делот на аграрниот сектор. Се она што ветуваше СДСМ во изминатите години, во предизборието во 2016 година остана само на хартија, а во реалниот сектор нема никаква помош.

Она што сакам да го ветам на сите земјоделци, и во овој дел на Република Македонија, е дека се обврзуваме да инвестираме преку 640 милиони евра во делот на субвенциите кои, пред се, ќе бидат редовни и навремено исплатени кој секоја категорија на земјоделци, изјави Трипуновски

Трипуновски додаде дека дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ е инвестиција од 80 милиони евра, односно 20 милиони евра на годишно ниво, во делот на водостопанството бидејќи без навремено и квалитетно наводнување не можеме да говориме за рентабилно земјоделско производство.

И нормално, се обврзуваме на еден чесен и искрен однос кон македонскиот земјоделец, затоа што после овие тешки години кои што ги преживеа со Зоран Заев на власт изминативе три години заслужува да биде на пиедисталот и да биде неговиот трду вреднуван како што заслужува и доликува, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This