April 26, 2024, 10:13 am

ТРИЧКОВСКИ ДО МИЈАЛКОВ: За еден „Рејнџ Ровер Спорт“ ќе ти напишев подобро писмо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Бранко Тричковски отворено се обрати до поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, за писмото кое му го прати на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Писмото, објавено на Либертас, ви го пренесуваме во целост:

Дир Сашо,

Не знам зошто си го заменил својот фантастичен говор со обраќањето на некоја умисленост од своето окружување. Знам дека додека го повторуваш тој текст, твоите чувства се можеби исти како оние што си ги доживувал кога интензивно си ги читал Џојс, Пруст и Достоевски, но јас те уверувам дека едно твое “дагау” ќе беше посилно од целово писание што си пуштил да се објави. И како стил и како порака.

Но, признавам дека писателот, односно ти, сте успеале да формулирате три интересни и важни забелешки:

Првата се однесува на хидроцентралите на Мицковски, како инвестиција и како извор на големи приходи кои не би биле можни за човек со 500 евра плата, без високите злоупотреби и криминали на владатата на вмро-дпмне. Мислам дека уште вечерва треба да го соберат во некоја станица или утре во обвинителството по допрен глас. Освен ако при бришењето на неговото име од предистражните работи во предметот на СЈО “Талир” ( за финансирање на партијата, н.з.), Мицковски не постигнал договор за генерално ослободување од прогон, во што не верувам. Тоа сериозно обвинување за предавство и кодошлак, е втората важна забелешка во писмото.

Третата забелешка е уште поважна. Ти во писмото тврдиш дека Мицковски, уствари, работел на тоа Договорот од Преспа и уставните промени да поминат, не да пропаднат, за да го има прашањето решено, да го има сдсм као виновник за промената на името, да го има тоа како дел од платформата за освојување на власта, се разбира, заедно со шлајмот што му го залепи на целиот западен свет.

И мене да си ме замолил да ти го напишам писмото, за еден Ренџ Ровер Спорт, да речеме, немаше да пропуштам да ги нагласам овие три точки.

Можеби бев престрог на почетокот кон авторот на писанието, но останувам на ставот дека поефектно би било да си напишал: Мицко, шефе, знаеш ли ти што е тоа “дагау”!?

Инаку, се радувам на пресметките што ги навестуваш и во партијата и околу партијата. Се надевам дека темелно и без остаток ќе го уништите чудовиштето што го создадовте.

Бранко Тричковски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This