ТРИЧКОВСКИ ПОВТОРНО СО ГОВОР НА ОМРАЗА: Одбележувањето на годишнината на Гоце Делчев било „национално просе*ување“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Провладиниот провокатор и сејач на омраза не додржа да не го искоментира и денешниот голем јубилеј кога станува збор за македонската држава и државност, скандализирајќи го и одбележувањето на 146 годишнината од раѓањето на најголемиот Македонски револуционер Гоце Делчев

 

Според Тричковски, поставувањето на венец на гробот на Гоце Делчев од страна на делегации од Владата и партиите, но и од МПЦ било чин на „национално просерување“, а поставувањето на венците било „парада на кичот“

„Добро, бе, ќе се сети ли некој дека ваквите просерувања дополнително ја загадуваат животната средина, особено во менталната сфера, но и физички ја доупропастуваат. Па ви се молам, на што личи таа парада на цвеќето и кичот, на безвезниот патос, сите тие делегации, делегации, тие мртво сериозни лица, тоа местење на панделките на венците, тие поклони, попови, панихиди! За што!? Роденден му бил на Гоце Делчев! 146!“ – напиша Тричковски на својот ФБ профил.

Претходно, истото лице објавуваше скандалозни колумни во весникот „Слободен Печат“ во кои замислуваше план за атентат на екс-премиерот Никола Груевски, но и повикуваше на смрт на сите патриоти и членови на ВМРО.

До сега, ниту една надлежна институција се нема огласено со соодветно санкционирање на Тричковски за ширењето на говор на омраза, расизам и шовинизам.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This