April 19, 2024, 11:00 pm

Три агресивни ротвајлери му избегале на газдата близу Скопје – влегле во кочина и ги изеле свињите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три агресивни кучиња ротвајлери утрово му избегале на газдата во Општина Чучер-Сандево близу Скопје, влегле во кочина, ги нападнале и ги изеле свињите. Сопствениците чуле звуци и кога излегле во дворот виделе крв на сите страни, а агресивните кучиња ги јаделе животните. За среќа, како што кажуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК, немало луѓе или деца надвор оти агресивните кучиња можело да ги нападнат и нив.

Луѓето во чиј двор влегле кучињата биле преплашени од глетката и веднаш повикале полиција. Откако дошле, полицајците не знаеле што да прават со кучињата бидејќи биле агресивни и не дозволувале да им се приближат, ниту пак имале опрема за заловување. Се јавиле во скопското јавно претпријатие „Лајка“ за да интервенираат тие.

„Ние немаме надлежност да интервенираме надвор од Градот Скопје, па побаравме Агенцијата за храна и ветеринарство и полицијата да нè повика за да постапиме по службена должност. Нашите екипи кои отидоа да ги заловат кучињата велат дека глетката била ужасна, масакр. Едното куче беше избегано, успеавме да ги заловиме двете и сега ќе бидат во 14-дневен карантин за да се утврди дали имаат беснило и да се одлучи што понатаму“, вели директорката на „Лајка“ Тина Петрушевска.

Сопственикот на кучињата бил пронајден, а на терен полицијата направила записник.

Вработените во „Лајка“ велат дека ова не е првпат да имаат пријави за агресивни ротвајлери кои имаат сопственици. Само оваа година имало 8 пријави за напад од ротвајлер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This