ТРИ ГОДИНИ КАМЕН НЕМАТЕ ПОМЕСТЕНО, А ПОТРОШИВТЕ 9 МИЛИЈАРДИ БУЏЕТСКИ ПАРИ: Димовски смета дека СДСМ и Владата намерно ја кочат изградбата на автопатот Скопје-Блаце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние генерално знаеме дека оваа влада не гради ништо, но од друга страна патот од Скопје до граничниот премин со Косово е во споредба со патот низ Косово е како да се враќате во 198 век. Едно од изборните ветувања и дел програма на оваа влада беше изградбата на автопатот Скопје – Блаце и да потсетам дека претходната влада веќе ви остави основан проект и физибилити студии за автопатот Скопје – Блаце, а веќе 3 години оваа власт нема буквално ниту еден камен поместено, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната прес конференција.

Димовски потенцираше дека владата на СДСМ освен празни ветувања ништо друго не направила за граѓаните, односно како што рече тој владата на СДСМ не може да пушти во употреба готов автопат од Штип за Скопје изграден во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а камоли пак да изгради нов автопат од Скопје за Блаце. Вие на готов автопат од Штип за Скопје две години не можете да го пуштите во употреба а не па да се надевам дека ќе направите нов автопат од Скопје за Блаце, додаде тој. Димовски нагласи дека тој не очекува владата на СДСМ да изгради нешто бидејќи нема капацитет за тоа.

Јас не ни очекувам од оваа влада. Оваа влада доволно ни покажа дека нема капацитет да гради, воопшто ништо не изгради а камоли пак да изгради автопат и тоа 12 километри, посочи пратеникот Димовски. Тој посочи дека владата на СДСМ потрошила над 9 милијарди евра за разно разни работи додека се уште не може да го направат автопат Скопје- Блаце, порачувајќи им дека треба да намалат од ненаменското трошење на буџетските средства бидејќи граѓаните веќе не сакаат да ги слушаат тие ветувања дека во иднина ќе се изгради. Сега е 2019 година во меѓувреме се потрошени над 9 милијарди евра буџетски средства за разно разни работи од кои милион евра сте потрошиле за набавка на цвеќе во влада, пола милион сте потрошиле само во Водовод за адвокатски услуги. Во тие три години можевте да најдете 20 милиони евра, да намалите на адвокатски услуги и на цвеќиња и да го направите патот за Скопје – Блаце, кажа Димовски одговарајќи на реплика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This