ТРИ ДЕНА МОЛК И ПАСИВНОСТ ОД МВР: Убиецот на Мартин три дена на слобода, МВР не превзема никакви мерки за негово пронаоѓање!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три дена убиецот на Мартин Јанушев е на слобода! Од МВР молк.

Зошто надлежното министерство не бара од граѓаните да кажат каде го виделе човекот кој го изврши убиството или пак автомобилот со кој избегал? Зошто покрај сведоци и безбедносни камери МВР не распишува потерница? Што се крие зад сето ова? Ова се само дел од прашањата меѓу граѓаните, кои три дена чекаат некакви детали за расветлување на грозоморното убиство.

Досега немало побавна реакција од МВР. Се кријат детали и за сторителот/ите на свирепото убиство и за возилото. Убиецот практично доби три дена гратис за бегство од министерот Оливер Спасовски.

На лице место во време на убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев имало многу луѓе. Околните кафулиња биле полни, по прометната улица имало и пешаци, а во близина има и безбедносни камери. Медиумите веднаш по убиството, повикувајќи се на очевидци, пишуваа дека напаѓачите, од местото на убиството во Аеродром, бегале во правец на Скопскиот саем. Целата таа траса е покриена со камери, но МВР веќе трет ден не соопштува ништо во врска со убиството.

Се случи грозоморно убиство на млад човек пред очите на стотици скопјани, а полицијата три дена му дава предност на сторителот да избега повторувајќи дека работи на случајот.

И додека сите се во очекување МВР конечно да го пронајде убиецот на Мартин, од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-Имаме осомничено лице, трагаме по уште едно лице кое најверојатно му помагало на осомничениот убиец, обезбедени се сведоци и ги преземаме сите мерки за пронаоѓање на осомничениот за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев (28), велат од МВР, пренесува порталот МКД.мк.

Убиството се случи во петокот вечерта околу 18 часот на улицата „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром, кога Јанушев излегувајќи од зградата каде што живее беше застралан во главата со неколку куршуми.

Очевидци го препознале убиецот, идентитетот веднаш го кажале на полицијата, но оттогаш тој е во бегство. Неофицијално, се работи за лицето Р.Т., човек од скопското подземје за кого полицијата има дебело досие. Се објавија и информации дека наводниот убиец бил пуштен на викенд од издржувањето на затворската казна за трговија со наркотични средства, пренесува МКД.мк

Но, официјално од МВР не се откриваат детали од истрагата. Нема потврда ниту чие било оружјето најдено на местото на убиството. Се чекаат резултатите од вештачењата и обдукцијата, снимките од безбедносните камери и податоците од мобилниот телефон на Јанушев.

Мартин вчера беше погребан.

Тој беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This