ТРИ ДЕНА ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ : Претседателските кандидати апелираат за поголема излезност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На три дена од вториот круг на претседателските избори, двајцата кандидати со апели до граѓаните за поголема излезност в недела, на 5 мај.

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјаноска Давкова од Битола порача дека нашата држава треба да се реформира во секој поглед, бидејќи во моментов не е пристојно место за живеење.

Реформите треба да почнат од оние најгоре. Мислам дека сме имале и сé уште имаме сериозна криза на лидерство дека во Македонија. На највисоките позиции не се луѓе кои знаат, кои умеат, стручни и компетентни со интегритет и дигнитет. Но верувам дека оваа македонска пролет ќе биде позната, не само како што велат, по за прв пат невообичаената кампања, туку и по реформите, истакна Силјаноска Давкова.

Според неа, разговорот за почетокот на преговорите за членство во ЕУ ќе биде одложен за наесен.

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ Стево Пендаровски вчера од Македонска Каменица и од Кочани порача дека заокружувањето на бројот 3 ќе значи подобра перспектива за сите, сигурно одење во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО, но и ставање крај на „груевизмот”.

Ако биде избран на функцијата, рече дека граѓаните кончено, по десет години ќе добијат претседател од кој нема да се срамат.

Ќе бидам претседател кој ќе знае позитивните политики да ги пофали и поддржи, тоа што не чини да го врати назад, да се доработи. Она што е во интерес на граѓаните да го поддржи, а она што во интерес на една фамилија или потесен круг луѓе да не добие поддршка. Мојата прва задача ќе биде она што го бараат граѓаните да им се даде, а не тоа што го бара партијата на власт, напомена Пендаровски.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во гостување на „24 Отворено” рече дека цензус сигурно ќе има.

Доколку нема, можни опции се повторно органзирање избори или промена на Уставот за избор на претседател во Парламентот. Немаме такви одлуки, ниту размислуваме во тој правец зашто веруваме дека граѓаните ќе изберат претседател на државата, потенцира тој.

За да има успешен избор на претседател на државата, во недела е потребно на гласачките места да излезат најмалку 40 отсто од запишаните во Единствениот избирачкиот список. Според податоците на Државната изборна комисија, во првиот круг од претседателските избори излезноста беше 41,8 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This