Три можни сценарија за несреќата разгледуваат Бугарските власти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на загинати во автобуската несреќа, во која изгоре возилото, а се случи на магистралниот пат „Струма“ во Бугарија е 46. Бугарските власти разгледуваат три можни сценарија за трагедијата.

Претходно, бугарските медиуми пишуваа за 45 жртви, од кои 12 деца, меѓу кои и близнаци.

На 31.километар на магистралниот пат „Струма“ автобус со регистарски таблици од Македонија се запалил помеѓу 02.00-03.00 часот утрината, откако во Бугарија влегол од Турција во 21.00 часот вчеравечер.


Во автобусот, според првичните информации имало 53 патници.

Несреќата ја преживеаа седум патници, кои се згрижени во болница во Софија каде се наоѓаат во стабилна состојба, според информациите кои ги пренесе претставник на Итната помош.


Бугарските власти разгледуваат три можни причини за трагедијата – влажен коловоз, техничка неисправност или возач кој заспал на воланот.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков рече дека заштитната ограда на авто-патот е пробиена и дека пожарот во автобусот можно е да избил како последица од контактот на возилото со оградата.

Според една верзија, пожарот избувнал уште пред несреќата, според РИА Новости.
Автобусот кој се враќал од Истанбул, вчеравечер околу 21.00 часот ја преминал границата кај „Капетан Адреево“, а бугарските медиуми пренесуваат дека несреќата се случила изутринава околу 03.00 часот на автопатот Софија-Благоевград, кај местото Боснек, на 31.километар од Софија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This