„ТРИ ПИСМА ОД САРАЕВО“: Горан Бреговиќ утре заедно со македонската публика ќе го слави својот 69-ти роденден!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

22. март е всушност денот на неговиот роденден, па македонската публика ќе биде привилегирана заедно со него да слави во Скопје. По тој повод, Бреговиќ со видео порака и се обрати на македонската публика…
Еден од најголемите балкански и светски музичари на денешнината, Горан Бреговиќ на 22 март доаѓа на концерт во Скопје. Заедно со него на сцената ќе бидат и музичарите на Македонската филхармонија со кои Бреговиќ ќе го изведе своето најново дело „Три писма од Сараево“.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.
Инаку албумот „Tri pisma iz Sarajeva“ е најпродаван Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, а Бреговиќ за него доби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада. Рецензиите беа објавени и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Организаторите најавуваат дека на концертот ќе бидат изведени и други негови хитови, како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други…
22. март е всушност денот на неговиот роденден, па македонската публика ќе биде привилегирана заедно со него да слави во Скопје. По тој повод, Бреговиќ со видео порака и се обрати на македонската публика да ја покани на концерт за да и го претстави светскиот проект “Three Letters from Sarajevo”, како и сите негови најголеми хитови заедно со оркестарот на Македонската филхармонија!

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This