April 26, 2024, 10:36 pm

ТРИ СЦЕНАРИЈА ЗА БИТКОИНОТ:Кој може да ја убие дигиталната валута која губи на вредност?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Биткоинот и другите криптовалути повторно значајно изгубија на вредност. Што е причина за ваквиот драстичен пад? Како биткоинот избриша се што успеа да добие во 2017?

Инвеститорите во дигитални валути се пред големи предизвици. Еве три сценарија кои би можеле да се случат кога се работи за оваа уште водечка криптовалута на пазарот.

Пад на големите берзи

Mt. Gox се урна во 2014 бидејки исчезнале околу 650 000 биткоини. Берзата после полека се опоравувала и успеала нешто и да врати. Сега е вредна 5,2 милијарди долари. Но пример како овој покажува дека еден голем неуспех може да доведе до целосна загуба во довербата на криптовалутите, што доведува до егзодус и продажба на токени „пошто-зашто“.

Минатата недела исто така се украдени токени од 500 милиони долари што само ја подгреа загриженоста.

Биткоинот ќе застарее

Причината поради која настанале биткоин кеш и останатите производи од биткоини е што на оригиналната валута и недостига капацитет. Самиот биткоин кеш е доста побрз отколку биткоинот.

Така, едноставни трансакции може да траат до недоглед (понекогаш и по неколку часа) што може да доведе едноставно системот да ги одбие. А, праќањето биткоин станало поскапо од што било.

Регулаторите ќе го убијат

Самата објава на индиското министерство за финансии кое сака да ги забрани криптовалутите избриша 25 отсто од вредноста на тој пазар. Биткоинот падна за 3000 долари. Ако Кина, Индија, Русија и САД направат нешто слично, можеби нема да го убијат целосно, но сигурно ќе го избришаат сјајот на златото на модерното време.

Исто така инвеститорите бегаат и поради предупредувања дека биткоинот им одговара на криминалците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This