Три сценарија за развој на настаните со Бугарија: Шokaнтни детали открива Мицкоски на брифингот со новинарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на попладневниот брифинг со новинарите откри детали за преговорите помеѓу Македонија и Бугарија.

Мицкоски истакна дека во игра се неколку сценарија во развојот на настаните со Бугарија, а првото е Македонија да почне преговори на 22 јуни без дополнителни условувања, сценарио кое според Мицкоски е најмалку веројатно.

-Прво решение – ЕУ/ЕС да донесе одлука за отпочнување на преговори на 22.јини без дополнителни условувања, а со дипломатијата која што следи во наредните две недели да се направи притисок врз Бугарија и техничката влада за тиа да отстапат од ветото со што ќе се ослободи отпочнувањенот на преговори ос ЕУ, вели Мицкоски.

Второто можно сценарио Мицкоски го дели во две потточки, а дел од истото е прифаќање условите кои се дел од декларацијата на Бугарскиот парламент да бидат дел од преговорите на Македонија со ЕУ.

-Двоецот Заев-Бучковски преговараат со Бугарската техничка влада за прифаќање на условите кои се дел од декларацијата на Бугарскиот парламент, да бидат дел од преговарачкиот момент, и тоа во првиот фрагмент од преговорите (Фундаменталс). На маса за преговори ќе бидат јазикот, традицијата, историјата, културата што ќе значи дека додека не се прифати ова нема да има почеток на преговори – односно, ова ќе биде почеток без крај. Некаде 23-24.јуни ќе биде даден датум за почеток на преговори но со сите прифатени барања на Бугарија, вели Мицкоски.

Со ова, секоја идна влада која ќе сака да започне преговори со ЕУ ќе мора да ги прифати овие барања на Бугарија – со други зборови – асимилација, бугаризација или замрзнување на преговорите, додава тој.

Мицкоски посочува и на опасноста бугарската декларација да биде прифатена усно, а потоа врз основа на тие усни гаранции Бугарија да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.

-Втората можност е сето ова да го прифатиме усно, па да добиеме датум, а потоа кога ќе има редовна влада во Бугарија истата да блокира преговори до прифаќање и официјално на барањата од декларацијата на бугарскиот парламент, вели Мицкоски.

Според Мицкоски ова се беше наговестено во интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС.

-За се ова што се договара зад кулисите, нема потреба да има официјализиран договор кој треба да помине на Влада, туку само усен договор. По ова, Македонија веќе нема да има проблем со Бугарија, но ќе има со Европската Унија што е значително посериозен проблем. Практично Заев во интервјуто на БГнес сето ова го навестил. ВМРО-ДПМНЕ нема намера ова да го прифати, ниту сака да го прифати исто како и Македонскиот народ, и не само Македонците но и Албанците, Турците, Власите, Ромите и сите други кои живеат во Македонија, вели Мицкоски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This