April 20, 2024, 11:15 am

ТРОШИ НАРОДНИ ПАРИ, И УВО НЕ ГО БОЛИ: Зоран Заев се луксузира по скапи хотели и одморалишта цел мандат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека државата чекори по работ на еколошка катастрофа, скопјани се угушија во смог, клиниките се преполни со болни деца и пациенти со хронични заболувања, а Скопје урива рекорди како најзагаден град во Европа, премиерот Зоран Заев мува не го лази.

Премиерот Заев секојдневно е на некое деловно или приватно патување во странство, само не на работно место за кое е платен од граѓаните.

Економијата тоне откако власта е превземена од СДСМ. Дополнително, сите чекори кои беа преземени се во насока на влошување на стандардот на граѓаните. Горивата енормно поскапуваат, а пензиите и платите стагнираат. Економијата во три од четири квартали е во минус, а инфлацијата на малопродажните производи се зголемува.

Во вакви услови во која голем број на граѓани мака мачат со секојдневни проблеми, првиот човек на владата си замина на скијање во Италија. Ова очигледно луксузно патување, доаѓа по приватната забава на Заев и пријателите за Нова Година во Солун, на која според информација објавена во медиумите чинела 100.000 евра.

Премиерот наместо да работи за граѓаните се шета по приватни забави и патува на луксузни дестинации. Животот дојде, но очигледно само за Заев и неговото опкружување.

Владата тврди дека Заев е во приватна режија

-Премиерот Зоран Заев е на одмор со семејството во Италија. Во неговата придружба има припадници на официјалното државно обезбедување. Потенцираме дека сите трошоци поврзани со патувањето, сместувањето и се останато за зимскиот одмор премиерот ги плати приватно, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за КУРИР.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This