ТРОЈЦА МАЖИ ОСТАНАА БЕЗ ПРСТИ: Мелеле пиперки со бормашина во Кавадарци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца мажи во Kавадарци изгубиле прсти додека мелеле пиперки за ајвар со помош на електрична бормашина.

melenje-na-piperka-i-modar-patlidzan

Немилите настани се случиле изминативе неколку дена, а вчера сите тројца биле оперирани во ист ден. Информацијата ја потврди началникот на хируршкото одделение при Општата болница во Kавадарци, д-р Дано Kулев.

– Станува збор за три лица кои на нашето одделение беа примени со трауматски ампутации на прсти, повреди настанати при мелење пиперки за ајвар со електрична бормашина. Kако што самите ни објаснија, на сите нив им бил потфатен по еден прст додека дотурале пиперки во машинките за мелење. Притоа им биле откинати врвовите од прстите – изјави Kулев за „Дневник“.

Поради сериозноста на повредата, тројцата средовечни кавадарчани морало да бидат оперирани.

– Бидејќи на пациентите им недостигаше по дел од прстот, пристапивме кон посебна медицинска постапка и обработка на повредениот дел. Мораше на соодветен начин да се третира и сошие местото каде што беше откинат и изгубен врвот од прстот. Во таков случај најпрвин се вади дел од коската на прстот, се оформува повредениот дел и на крајот се шие. Повредените се с` уште на нашето одделение, средени и во стабилна состојба – ни соопшти Kулев

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This