ТРОЈЦА ОБВИНИТЕЛИ ОД СЈО ПРЕД СУД: Тројца обвинители од СЈО ќе одговараат бидејќи се заканувале на сведоци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалната обвинителка Kатица Јанева ќе застане во одбрана на тројцата обвинители од својот тим, кои заработија кривична пријава зашто во рамките на водењето предмети малтретирале потенцијален сведок и му се заканувале дека ако не соработува со специјалното обвинителство и тој самиот ќе биде обвинет за што „дебело ќе одговара“, пишува Дневник.

sjo-katica-janeva-640x388 INFOMAKS

Јанева се решила на ваков чекор откако веднаш по информациите во медиумите за кривичните пријави во петокот на отчет ги свикала сите обвинители од своето обвинителство, потврдуваат од СЈО. Притоа, од обвинителите било побарано да соопштат до каде се постапките, кои дејствија ги извршиле и на кој начин, а бил направен и увид во записниците од процесните дејствија и сослушувањата на странките што ги направиле во рамките на нивните предмети. „Притоа, беше заклучено дека сите обвинителите работеле на законит начин, односно нема пречекорувања на овластувањата“, очекувано велат од СЈО, откако претходно се заканија со тужби за новинарите и медиумите што ќе пишуваат на оваа тема.

Истовремено, кривична пријава заработи и вработен во МВР затоа што се обидел да го поткупи истото лице да се согласи да даде изјава каква што од него ќе се побара.

Уцени и закани

Katica-debelo-ke-odgovaras

Тројцата членови на специјалното јавно обвинителство се осомничени дека сториле малтретирање во вршење на службата, според член 143 од Kривичниот законик, во кој се вели дека тој што во вршењето на службата малтретира друг, го заплашува, го навредува или воопшто кон него настапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Во кривичната пријава поднесена од физичко лице, чиј идентитет се крие поради страв од репресија, стои дека две лица што му се претставиле како истражители во СЈО со навредлив тон и со закана дека ќе биде приведен, го убедувале да прими покана да се јави на сослушување во Обвинителството, при што не му дозволиле за тоа да се консултира и со адвокат.

„Откако совесно истиот ден отидов во СЈО, бев испрашуван, уценуван и психички малтретиран од страна на тројцата обвинители да ја објаснам процедура за вадење лични карти, иако јас не ја знам истата бидејќи не сум работел на таа материја. Ми беа поставувани прашања со дрзок и навредлив тон кој е „нарачател“, чиј „извршител“ сум, а кога им одговорив дека не знам за што зборуваат, бев заплашуван дека „наредниот пат ќе бидам во својство на обвинет“ и дека „дебело ќе одговарам“. Бев под закана да дадам изјава што не е моја, со што кај мене беше предизвикан страв и чувство дека ми се повредени личните права“, стои во кривичната пријава поднесена до Обвинителството за организиран криминал и корупција против тројца обвинители од тимот на Јанева, кои засега не се откриваат и еден вработен од МВР.

Од Обвинителството за организиран криминал потврдија дека ваква кривична пријава има и дека таа е дадена на работа на обвинител. Тој понатаму треба да одлучи кои процесни дејствија ќе ги преземе и дали ќе поведе обвинение.

Неизвесно е дали постои некаква поврзаност на овој случај со двете избркани обвинителки Лејла Kадриу и Марија Ѓорѓеска иако во јавноста се шпекулира дека токму тие две во неколку наврати покажале дека самостојно сакаат да ги водат предметите што им се дадени без никакви сугестии и притисоци од Јанева, па токму затоа потоа и биле избркани. Kадриу и Ѓорѓевска нивното исклучување од тимот на Јанева го пријавија во Советот на обвинителите. Таму, пак, од четвртокот работи тричлена комисија која треба да ги утврди вистинските причини за нивото исклучување, особено затоа што Јанева испратила допис дека обвинителките треба да си одат поради намален обем на работа. Двете обвинителки веќе се сослушани. Тие, како што веќе објавивме, дале подолг исказ во Советот за тоа како се случило нивното бркање од страна на Јанева.

Јанева својот исказ пред Советот треба да го даде денеска во 11 часот. Нема потврда дека освен образложението за тоа зошто ги исклучила овие две обвинителки и како сега има намален обем на работа иако пред неколку месеци тврдеше дека има многу работи и ~ се потребни сите 12 обвинители, пред Советот ќе даде одговор и за кривичните пријави за тројцата други нејзини обвинители. Од СЈО велат дека денешната средба ќе биде исклучиво за двете обвинителки. Сепак, извори од Советот велат дека не е исклучено Јанева да биде прашана и за овој случај и тоа во рамките на неформален состанок со членовите на Советот, а потоа, ако е потребно, да се побара и официјален отчет од неа слично како и за Kадриу и Ѓорѓевска.

Јанева сè уште пишува одговор за записникот

Специјалната обвинителка во текот на неделава ќе достави писмен одговор за процедурата при примопредавање, во кој ќе биде раскажана целата процедура што била направена при примањето на материјалите што на 30 декември во специјалното обвинителство ги достави лидерот на СДСМ Зоран Заев, потврдуваат од СЈО.

Одговорот таа го доставува откако Советот минатата недела побара од СЈО детали од примопредавањето на материјалите од незаконското прислушување, кои ги поседуваше првиот социјалдемократ, бидејќи и Заев и Јанева потврдија дека записник за тоа не е составен иако во Законот за кривичната постапка задолжително е составување ваков документ при секое процесно дејствие.

Во меѓувреме, обвинителите на СЈО сè уште не започнале да го разгледуваат предметот „Пуч“. Според најавите, тоа ќе почнат да го прават од вторник во посебна просторија на Основниот суд Скопје 1. Токму поради неизвршен увид, Јанева двапати ја одлагаше главната расправа за овој предмет.

Извор: Дневник
Пишува: Kатерина Нешкова

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This