ТРОЈЦА ОД ПОВPЕДЕНИТЕ СЕУШТЕ ВО КPИТИЧНА СОСТОЈБА:Останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закрепнуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Градската општа болница „8-ми Септември“ утринава соопштуваат дека во моментов хоспитализирани се 18 пациенти. Тројца од нив се наоѓаат во кpитична состојба, додека пак останатите 15 пациенти се во стабилна здравствена состојба и закpепнуваат од повpедите во тешката сообраќајна несpеќа која се случи во близина на селото Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово. Еден пациент во текот на вчерашниот ден е пуштен на домашно лекување.

Во Клиничкиот центар во Скопје хоспитализирани се 6 пациенти, од кои 3 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Двајца од нив се во стабилна состојба. Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Во моментов се изведува операција на пациентка од неврохирургија.

Пациентката која се наоѓа во тетовската болница е во стабилна и добра здравствена состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This