ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ СЕ ЗАКЛУЧЕНИ ВО СОБРАНИЕ И ВРЗ НИВ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК: Дејвид Стивенсон, претставник на ЦИА во Собрание убедува пратеници да гласаат за промена на Уставното име

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца пратеници се заклучени во Собранието каде што е присутен и локалниот раководител на ЦИА, Дејвид Стивенсон, и врз нив се врши невиден притисок за да гласаат за уставните измени, обвини лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев од протестот пред Собранието.

Имаме информации дека седницата е одложена бидејќи тројца пратеници не сакаат да ги прифатат барањата на Беса и одбиле да гласаат, сега тие тројца пратеници се заклучени во Собранието, каде што е дојден и Дејвид Стивенсон и врз нив се врши невиден притисок”, изјави пред демонстрантите Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија.

Тој го повика Јавниот обвинител веднаш да дојде во Собранието бидејќи се случува државен удар, ни и претседателот Иванов, бидејќи човек на американската служба, односно Стивенсон е присутен во Собранието и врши притисок врз пратениците.

Група граѓани и покрај студното време и снегот и денеска излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија против уставните измени. Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство”.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Се очекува граѓаните да излезат во поголем број по завршувањето на работното време и по 15 часот за кога е закажана седницата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This