April 26, 2024, 12:37 pm

ТРПЕСКИ: СДС излажаа и за поевтинувањето на услугите на катастарот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарeски најави дека од 1 септември ќе има драстично намалување на цените на Катастарот и враќање на парите кон граѓаните. Сугарески најави зголемување на цените на услугите на приватните геодетски фирми за 50%, намалување на цените на услугите на катастарот за 50%, односно банкрот на Катастарот и укинување на бесплатните геодетски елаборати за социјално ранливите категории, како и за граѓаните од загрозените подрачја, изјави Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Сугарески одржана минатата недела.

Вчера Агенцијата за катастар на недвижности објави кусо соопштение за медиумите, во кое информира дека плаќањето за повторно поднесување пријава за запишување/промена во Катастарот на недвижностите се укинува и упатува на документ – упатство – објавен на интернетската страница преку кој граѓаните можат да се информираат за што станува збор иако упатството е адресирано во вработените во Катастарот.

 Наместо драстично намалување на цените во Катастарот, добивме уште една лага и празно ветување. Единствено што имаме денес е Упатство потпишано од директорот на Катастарот, Борис Тунџев, објавено на веб-странатата на Агенцијата за катастар на недвижности. Со ова упатство Тунџев ги повикува вработените да прекршат дури 11 одредби од Законот за катастар на недвижности, за предметите кои еднаш биле одбиени од Катастарот, кога по втор пат се поднесуваат во Катастарот, да не содржат во себе доказ за платен надоместок, појаснува во изјава за „Република“ досегашниот директор на Катастарот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Славче Трпески.

Во Законот за катастар на недвижности во членовите 90, 141-а, 141-в, 172, 178, 181, 190,192, 204, 214 и член 221 јасно е содржана законската обврска да кон секое барање поднесено до Катастарот мора да се приложи и доказ за платен надоместок, а надоместокот се утврдува согласно реално направените трошоци на Катастарот, вели тој.

Со упатството, вели Трпески, директорот не само што грубо го прекршува Законот за катастар на недвижности, тој грубо ги прекршува и членот 8-а од Изборниот закон и членот 11 од Законот за спречување на корупција, во кои изричито е забрането за време на распишани избори да се даваат разно-разни поволности.

Со ова упатство СДС уште еднаш ја урна правната држава и владеењето на правото, за нив не важат уставните принципи за владеење на правото и правната држава, според нив со упатство може да се променат закони. Ги повикуваме вработените во Агенцијата за катастар на недвижности да не подлегнуваат на партиските притисоци и да не постапуваат по наведеното против законито упатство а како партија ќе преземеме правни мерки против прекршителите на законот, вели Трпески.

Сегашното законско решение ја регулира максималната цена на услугите и дава можност за намалување на цените од услугите на приватните геодетски фирми за 50%. Со одлуката максималната цена да биде минимална цена како и укинувањето на можноста за 50% намалување на цените на услугите министерот Сугарески фактички објави зголемување на цените на услугите на приватните геодетски фирми за минимум 50%.

Ако сегашната минимална граница стане максимална граница, а максимална граница воопшто нема, во некои градови во Република Македонијацената на услугите може да се покачи дури и за повеќе од 100% имајќи предвид дека во некои градови има една или ниедна геодетска фирма, велли Трпески.

Според Трпески, доколку се спушти цената под нивото на трошоците кои што ги има Катастарот за секоја поединечно услуга, тоа фактички ќе значи банкрот на Катастарот, бидејќи нема да може да ги одржува системите, да ги плаќа трошоците и да исплаќа плата на своите вработени.

Најуспешниот директор на Катастарот ги информира граѓаните, меѓу другото, дека Агенцијата за катастар и недвижности на Република Македонија има најниски цени на своите услуги во Европа.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This