Трудница го спасила сопругот кого го нападнала ајкула

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неверојатната приказна за херојството на една жена го одзема здивот – бремена жена храбро скокна во вода за да го одбрани сопругот од ајкула.

Кога огромна ајкула го нападнала нејзиниот сопруг, бремената Марго Војвс Еди (29) не се двоумела – скокнала во водата.
Морско чудовиште го гризнало нејзиниот сопруг Ендру Чарлс Еди (30) за рамото додека пливал на еден од островите на архипелагот Флорида Кејс.

Канцеларијата на шерифот во округот Монро соопштила дека Ендру бил нападнат од ајкула додека нуркал на коралниот релјеф на Сомбреро Кејс Лајт изминатиот викенд.

„Дјукс видела пераја на ајкула, а потоа и вода исполнета со крв. Без двоумење, таа скокнала во водата и го повлекла Ендру назад во чамецот, на сигурно. Семејството тогаш повика брза помош“, рекол заменик-шерифот Кристофер Агуано.
Ендру нуркал во водата во 11 и пол наутро, носејќи очила за нуркање и пераи. Откако сопругата го спасила, го однеле на плажата Сомбреро каде чекала лекарската помош. Потоа со хеликоптер бил пренесен во болница, каде е утврдено дека има сериозна повреда на рамото.

Сведоци на настанот тврдат дека несреќниот човек бил нападнат од бик-ајкула, чија должина може да биде и до три метри. Има заби како запци на пила и често напаѓа луѓе, дури и чамци.

Ендру и Марго биле на приватен брод за да нуркаат.

Шерифот Рик Ремзи ги пофалил брзите постапки на лекарите кои први пристигнале на местото на настанот.
„Ова беше многу ретка медицинска криза за Флорида Кејс, но сите работеа добро заедно – вклучително и сведоци на бродот на службите за итни случаи – за да се осигура дека оваа жртва добила спасувачка помош“, рекол тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This