ТУНТЕВ ЕКСПРЕСНО ИМЕНУВАН ЗА ДИРЕКТОР НА АЦВ: Пратеникот кој трошеше највеќе на патни трошоци, стана директор на Агенција за цивилно воздухопловство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој си поднесе оставка во Собранието која денес беше констатирана од страна на Талат Џафери, експресно изврши примопредавање на функцијата директор на Агенцијата за воздухопловство.

Тунтев на јавноста и е познат по скандалот со рекордната злоупотреба на пари од Собранискиот буџет на име на патни трошоци. Тунтев потроши неколку десетици илјади евра на патни трошоци.

Како што соопштија од Агенцијата, позицијата директор во присуство на раководниот тим и вработените во АЦВ, му ја предал досегашниот директор, Горан Јандреоски.

„На чинот на примопредавање на функцијата, Јандреоски го информираше колегата Тунтев, за досегашните резултати на АЦВ постигнати на домашно и меѓународно ниво, како и за ативностите кои и престојат на Агенцијата, за продолжување на трендот на напредок на институцијата, во постигнување на заедничката цел, креирање современ, европски етаблиран, еколошки одржлив, брз и ефикасен воздушен транспорт, респектибилен од меѓународните воздухопловни партнери од Европа и светот“, велат од АЦВ преку соопштение.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This