April 19, 2024, 11:17 pm

„ТУРНИ МЕ ДА КИНИСАМ“: Приказна за едно фиќо што кога ќе порасне сака да стане културен центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 20 август во Младинскиот културен центар ќе се одржи настанот КЦ 750: турни ме да кинисам, на кој ќе биде претставен проектот КЦ 750 на Иван Шопов и Владимир Лукаш – приказна за едно фиќо што кога ќе порасне сака да стане културен центар.

Целта на проектот, поддржан од Министерството за култура, е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. КЦ 750 преку мобилниот концепт ќе се обиде на нeконвенционален начин не само да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје, туку и да понуди дeцентрализирачки концепт на ширење на културата.
Информациите за одржувањето на културните настани ќе бидат дополнително објавени на Фејсбук страницата на КЦ 750.

Културниот центар ќе го турнат да киниса:
АСТАЛНИ ПРОЕКЦИИ
Поезија и кратка проза читаат:
1. Ана Голејшка Џикова
2. Ѓоко Здравески
3. Владимир Лукаш
4. Милена Илиќ
5. Николина Андова Шопова
6. Васко Марковски
7. Ива Дамјановски
8. Ѓорѓи Крстевски
9. Иван Шопов

Ѕвездан Георгиевски, поранешен сопственик на Застава 750, во рубриката „Слушај паталец“ ќе зборува за фиќото како културен феномен, како и за мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750“ од Иван Шопов.

Книгичката ќе се продава по цена од 100 денари. Средствата собрани од продажбата ќе бидат употребени за одржување на фиќото-културен центар, кое е познато како табиетлија меѓу автомобилите.

Настанот ќе го заокружи вокално-инструменталната бaндa „Фиќести трубадури“, во состав: Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Дејан Шкартов, Душан Кировски и Владимир Лукаш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This