ТУРСКАТА ВОЈСКА СЕ ПОДГОТВУВА НА ГРАНИЦАТА СО СИРИЈА: Турција преместува голема техника на границата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската војска префрла техника и опрема на Сириската граница во пограничното место Килис, превенирајки нов бран на бегалци заради можноста од воена оперцаија во сирискиот идријет, јавува „Хуриет“.

Низ Килис во правец на населбата Елбејли на сириската граница сабајлево тргна осум транспортни сретства кои пренесуваа тенкови и хаубици, пишува „Хуриет“.

Според информациите од воени извори на „Хуриет“, префрлањето на техниката е во рамките на мерките за безбедност на групите кои се дислоцирани на сириската граница. Тенковите М-60 се испратени во рамки на планот за обезбедување од бранот на бегалци кои турската власт ги очекува во случај на офанзива на владините сили на Сирија во Идлиб.

Како што е наведено, Турција исто така го проширува и бегалскиот камп Атме на сириската граница и ги засилува своите 12 набњудувачки пунктови за контрола на зоната за деескалација во Индлиб, во пресрет на можните воениоперации во тој регион.

Територијата на Идлиб во овој момент практично не ја контролираат владините сили на Сирија. Таму се наоѓа милитантната вооружена опозиција, како и терористи од многу други терористички групи кои периодично ги напаѓаат позициите на сириската сили.

Министерството за надворешни работи на Русија претходно соопшти дека никој несака изведување на операции кои би резуртирале со голем број на жртви.

Подготвил
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This