April 27, 2024, 12:11 am

(Видео)ТУРСКАТА OФАH3ИBА ВО CИРИЈА 3АПОЧНА СО БOMБАPДИPАЊE ОД ВОЗДУX: Турската aвиjaција жеcтoko го бoмбapдиpа Хаcаk

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската офанзива во Сирија започна со бoмбаpдирања од воздух..

Турција и нејзините сојузници меѓу сириските бунтовници започнаа воена операција во североисточна Сирија, објави претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган тврди дека целта на операцијата е обезбедување на мир односно да се елиминира заканата од курдските паравоени сили и борците на Исламска држава, како и враќање на сириските бегалци од Турција, по воспоставувањето на безбедна зона во таа област.

„Нашата мисија е да спречиме создавање коридор на терор долж нашата јужна граница и да воспоставиме мир во областа“, напиша турскиот лидер на својот профил на Твитер.

„Ние ќе го зачуваме територијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободиме локалните заедници од терористите“, додаде Ердоган.

 

Поради воената операција стотици цивили ги напуштаат областите во близина на турската граница, јави Си-ен-ен.

Офанзивата започнала со воздушни напади, проследени со артилериско гаѓање, изјавил за „Ројтерс“ извор од теренот, откако експлозии биле регистрирани во градот Рас ал Аин во североисточна Сирија.

Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите објавија дека турски воени авиони го погодиле нивниот регион и цивилни области, предизвикувајќи огромна паника кај населението.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави твит непосредно пред почетокот на офанзивата.

„Влегувањето на Блискиот исток беше најлошата одлука што некогаш сме ја донеле… Во историјата на САД“, напиша Трамп.

Турската авијација жестоко го бомбардира Хасак

Дека воената акција е започната, потврди и сириската државна телевизија соопштувајќи дека се изведени првите воздушни напади на местото Рас Елајн.

Сеуште не се споменува дали има жртви.

Телевизијата НТВ наведува дека е изведен напад и од хаубици и авиони Ф-16, а откако ќе се елиминираат тие цели, копнените сили ќе ги пресечат турско-сириските граници.

https://www.youtube.com/watch?v=RqB_klrEAVw

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This