Турска амбасадорка отповикана бидеќи се облекла како Елена Тројанска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузалп е отповикана бидејќи на приемот по повод одбележувањето на 95-годишнината од формирањето на модерната Турска Република облекла костим на Елена од Троја.


Хуријет објави фотографии на кои се гледа како на приемот во амбасадата во Кампала амбасадорката носи фустан, наводно, со мотиви од античка Грција.
Турскиот дневник Созџу изјави дека Јавузал била облечен како Елена Тројанска, а слични антички облеки имале и други вработени во амбасадата, како и нејзиниот помошник кој бил облечен како богот Зевс, пренесе Политикo.

Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузалп е повикана во Анкара, откако фотографии од приемот на денот на републиката на 29 октомври предизвикаа јавна критика околу нејзиниот необичен избор на облека, на 3-ти ноември рече министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.


„Истрагата е започната веднаш штом ги откривме фотографиите и ја отповикавме амбасадорката“, рече Чавушоглу преку Твитер.

„Историската“ облека на Јавузалп и нејзиниот помошник за време на приемот предизвика контроверзии на социјалните медиуми.

Амбасадорката во одбрана рече дека во Уганда е година на Троја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This