April 20, 2024, 10:58 am

ТУРСКИОТ ШЕФ НА ДИПЛОМАТИЈАТА: Грчкото ширење на море за Турција е повик за војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот амбасадор во Анкара, Петрос Мавридис, е повикан денес во турското МНР на разговори откако поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас јавно кажа дека Грција ја проширува својата територија на море. Станува збор за зона од 12 наутички милји во Јонско Море, односно проширување за плус шест, на што Турција веднаш и остро реагираше.
Грчкото ширење на море за Турција е повик за војна

Грчките медиуми јавија дека на разговори амбасадорот бил кај министерот Мевлут Чавушоглу.

Турскиот шеф на дипломатија на телевизија рече дека „Грција честопати давала слични изјави за 12 милји. Секогаш по тоа прашање имало популизам. Ние сакаме да го решиме прашањето на мирен начин во Егејот. Секогаш кога Грција ќе излезела со слична изјава ние сме им давале соодветен одговор. Грците добро знаат дека ние нема да доизволиме такво нешто. За нас ова е повик за војна“.

Проширувањето на поморската граница за Грција би значело пристап до наоѓалишта на гас кај Кипар, за што Турција порачува дека Атина не може да прави договори со „псевдо држава“, јасно ставајќи до знаење дека нема да дозволи никакви бушења во тој регион.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This