Турски експерт: Висоkите температури нема да го уништат виpусот koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако високите температури би можеле да го уништат вирусот, не би можеле да видиме дека се шири во Саудиска Арабија и Африка, рече Реџеп Тeкин, експерт за заразни болести и клиничка микробиологија на универзитетот „Дикле“ во Турција. би можеле да го уништат вирусот, не би можеле да видиме дека се шири во Саудиска Арабија и Африка, рече Реџеп Тeкин, експерт за заразни болести и клиничка микробиологија на универзитетот „Дикле“ во Турција.

Според него, повисоките температури нема да помогнат во забавување на ширењето на новиот коронавирус..

– Ако одржувате социјална дистанца и носите маска, стапката на ширење на болеста може да се намали, но летната температура сама по себе не е доволна, рече експертот за анадолиската агенција.

Посочувајќи на жешката медитеранска клима во јужна Турција, Текин истакна дека бројот на случаи таму се зголемил неодамна, и покрај топлото време.

Истакнувајќи дека ќе има потопли денови во наредните недели, тој рече дека луѓето не треба да се однесуваат неодговорно, потпирајќи се само на топлината, туку треба да носат маска, да практикуваат физичка дистанца и да ги мијат и дезинфицираат рацете.

До денес, Турција регистрирала вкупно 5.228 смртни случаи на коронавирус, додека повеќе од 187.511 луѓе се излекувале од оваа болест. Во моментов има повеќе од 208.938 потврдени случаи во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This