ТУРСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ ВЛЕГУВААТ ВО СИРИЈА: Турски полициски специјални сили ќе се приклучат во борбата за Африн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анкара испрати специјални полициски сили на северот на Сирија во регион Африн во очекување на новата фаза од кампањата против Курдските борци. Официјална Анкара освен тоа тврди дека прекинот на огнот поддржан од ОН не се однесува на нивната операција

Специјалните сили веќе влегле на Сириска територија од југот на Турските провинции Кили и Хатај, пренесуваат локалните медиуми. Новите сили се очекува да ги задржат селата завземени од Турската армија од рацете на Курдските припадници на народната одбрана, како и да земат дел во урбаните борби кои се случуваат во поголемите населби во рамки на мисијата „Маслиново гранче“.

„Испраќањето на специјални сили е дел од подготовката за новата борба која се приближува“, изјави заменик-министерот Бекир Боздаг за турска НТВ. „Борбите ќе се префрлат на места каде што има цивили, бидејќи борбите сега се во потесни места“, вели тој, додавајќи дека специјалните сили се соочиле со борби против милитантите во населени места.

И покрај тоа што Турската операција веќе е во шестата недела од почетокот, повеќето од големите градови во Курдската енклава, вклучително и градот Африн, остануваат во рацете на ЈПГ. И покрај тоа, Турските сили ги потиснале Курдските борци назад на сириска територија од пограничните места со Турција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This