April 25, 2024, 11:12 am

ТУРСКИ ТЕК ПРЕД ВРАТАТА НА АНКАРА: Морскиот дел речиси завршен, наскоро започнува поврзувањето со Балканот и југоисточна Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работите на изградбата на „Турски тек“ идат по план и во мај ќе биде завршен неговиот прв крак, изјави шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер

„Што се однесува на првиот крак на гасоводот ‘Турски Тек’ веќе се изградени 827 километри и буквално во првата декада на мај ќе ја завршиме неговата изградба“, рекол Милер за новинарите.

„Останува да се изгради терминалот за прием на гасот и вториот крак. Така да се оди по планот“, додава Милер.

Во мај 2017. година „Гаспром“ започна со изградба на морскиот дел на „Турски тек“ кај рускиот брег на Црното море. Проектот предвидува изградба на гасовод по дното на Црното море до европскиот дел на Турција и понатаму кон границата со Грција. Должината на морскиот дел би требало да изнесува 930 километри, а копнениот дел на турска територија 180 километри.

Првиот крак ќе биде наменет за турскиот пазар, а другиот за снабдување со гас на државите од јужна и југоисточна Европа. Капацитетот на секој крак е 15.75 милијарди кубни метри гас годишно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This