ТУРЦИЈА ГИ ЛОВИ ПУЧИСТИТЕ: Нуди 770 илјади евра по глава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешните турски вojници, кои по неуспешниот обид за пyч побегнаа во Грција и добија политички aзил се најдоа на црвената листа со тepopиcти на Министерството за внатрешни работи на Турција и за секој од нив се нуди награда од околу 770.000 американскии долари.

Турската новинска агенција Анадолија објави дека 74 поранешни вojници од тepopиcтичкaтa opганизација ФЕТО, кои се одговорни за пyчoт во 2016б година од денеска се на листата за кои наградата е од околу 12,8 милиони американски долари.

Веста објавена од турските медиуми, експресно беше пренесена од медиумите во Грција, со оглед на тоа дека доаѓа само неколку часа пред средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, јави дописничката на МИА од Атина.

За осумтемина турски вojници, кои добија политички aзил во Грција и барањето на Турција, говореше лидерот на грчката опозициска Нова демократија на партиски состанокот. Мицотакис рече дека не само тие, туку дека верува дека „сите Грци се загрижени за денешната посета на Ципрас на Турција“.

„Турција денеска издаде потерница со награда за осумтемина вojници, провокативно игнорирајќи ги конечните пресуди на грчката правда. Советникот и близок соработник на претседателот Ердоган, отворено говори за турско малцинство во Тракија. Прекршувањата продолжуваат со несмален интензитет. Ова е климата во која господниот Ципрас оди да се сретне со господинот Ердоган“, рече Мицотакис и додаде дека Ципрас нема голем капацитет да преговара, а како примери ги спомена преговорите за економскиот пакет за помош за Грција во 2015 година и преговорите за името.

Воедно, го повика грчкиот премиер сериозните прашања во грчко-турските односи да и ги остави на следната влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This