ТУРЦИЈА ГИ ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРИТЕ: Турските амбасадори во Вашингтон и Тел Авив повлечени, Ердоган го нарече Израел „терористичка држава“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анкара ги повлекува своите амбасадори од Вашингтон и Тел Авив „на консултации“, потврди турската влада

Владата на Турција исто така прогласи тродневна жалост поради загинувањето на повеќе од 50 Палестинци кои загинаа на границата помеѓу Израел и Газа.

Анкара го осуди „масакрот“ на Палестинци кои го извеле израелските сили и додава дека регионалниот и глобален мир и стабилност нема да постојат се додека не се постигне трајно правично решение на палестинското прашање.

„Остро ја осудуваме одлуката на американската администрација да ја пресели својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, со што е крши меѓународното прави и сите релевантни резолуции на ОН. Повторуваме дека оваа кција е правно ништовна и неважечка“, соопшти денес Министерстото за надворешни работи на Туција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција остро ќе реагира на деншните случувања во појасот Газа.

„Ги отповикавме нашите амбасадори од Вашингтон и Тел Авив на консултации. Повикуваме вонреден самит на Организацијата за исламска соработка и се надевам дека во петок ќе се состанеме во Еникапи (Истанбул). Исто така предлагаме и свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН. Ќе разговараме со многу лидери. Од утре објавуваме тродневна национална жалост“, рекол Ердоган за телевизијата НТВ за време на посетата на Велика Британија.

Тој Израел ја нарече „терористичка држава“, а акциите против Палестинците – геноцид.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This