ТУРЦИЈА ЗАПОЧНА ЖЕСТОК АЛТИРЕЛИСКИ НАПАД ВО СИРИЈА:Армијата на Турција и нејзините сојузници се обидуваат да го завземат Африн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската армија денеска започна жесток артилериски напад врз градот Афрон во северозападна Сирија, при што досега загинаа најмалку 18 лица, соопшти претставник на Силите за заштита на народот на сириските Курди, под чија контрола е градот.

Според него, во исто време, припадници на турската армија и борци на сириските бунтовнички групи, кои ја имаат поддршката на Анкара, се обедуваат да навлезат во градот.

Изминативе денови турски официјални претставници во неколку наврати најавуваа дека Армијата на Турција и нејзините сојузници наскоро ќе го освојат Африн, откако претходно целосно го опколија градот.

Турската армија заедно со сојзуничките сириски бунтовнички групи на 20 јануари почна воена операција против Силите за заштита на народот во реонот на Африн. Цел на операцијата, нарчена „Маслиново гранче“, според Анкара е потиснување на борците на Силите за заштита на народот од реоните долж сириската граница кон Турција.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This