ТУРЦИЈА ЗАТВОРИ 370 НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ: Невладини организации кои соработувале со терористи забранети во Турција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турското Министерство за внатрешни работи денеска ја прекина дејноста на 370 невладини организации, кои се осомничени за поврзаност со терористички групи

terrorist

Министерството соопшти дека 153 од овие организации се поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, 190 со Курдската работничка партија (ПКК), 19 со Револуционерната партија и фронт за народно ослободување и осум соработуваат со џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Властите наведуваат дека дејноста на организациите е прекината со цел „да се гарантира безбедноста и да се заштитат јавниот ред и мир“.

Одлуката е донесена врз основа на законот за вонредна состојба, која е воведена на 21 јули во траење од три месеци по неуспешниот обид за воен преврат, а потоа на 11 октомври турскиот Парламент ја продолжи за уште три месеци.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This