ТУРЦИЈА И РУСИЈА СЕ ДОГОВОРИЈА: Путин и Ердоган разговараа за формирање уставна комисија на Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараа за формирање уставна комисија на Сирија која ќе се ангажира за изготвување нов устав за земјата, соопшти Кремљ.

Како што се наведува, разговорот бил на иницијатива на турската страна.

– Во пресрет на петтиот самит на Астанскиот процес, кој треба да се одржи во септември, тие се осврнаа на прашањата поврзани со конфликтот во Сирија, вклучително и напорите за формирање на сириската уставна комисија што ја спроведуваат Русија, Турција и Иран заедно со Обединетите нации, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин и Ердоган разговарале и за ситуацијата во Идлиб и се согласиле дека се потребни заеднички напори за да се отстpaни зakaната од тepоризмот и да се спроведе меморандумот од Сочи, потпишан во септември минатата година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This