ТУРЦИЈА НИЖЕ ПОРАЗИ ВО СИРИЈА: Курдите тврдат дека кренале во воздух уште три турски тенкови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Курдите го одбиле нападот на таканаречената Слободна сириска армија на која и помага Турција, јавува агенциајта „Фират“, повикувајќи се на команданта на коалицијата на Сириските демократски сили

Како што се наведува, бунтовниците кренале во воздух три турски тенкови и го натерале противникот на повлекување во правец на пограничниот град Азаз. Како што тврдат Курдите, убиени се 37 војници и платеници. За ранетите нема податоци.

Минатата недела курдските сили кренаа во воздух турски тенк со противтенковски систем „Прогрес“ од советско произодство.

За реме на турската офанзива во Сирија Курдите онеспособија 43 непријателски оклопни возила. Според нивните податоци, Слободната сириска армија и Турција во борбите загубиле преку 669 луѓе. Тие наведуваат дека во борбите загинале 150 Курди и Арапи.

Генералштабот на Турција тврди дека убиле 1.100 „терористи“. Турција признава дека загубила 30 војници, од кои 11 во саботата, додека 70 се ранети.

Турција од 20. јануари ја изведува операцијата „Маслинова гранка“ против Курдите во сириски Африн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This