ТУРЦИЈА ПОДГОТВУВА СВОЈА КРИТОВАЛУТА: Турската влада ја разгледува можноста за сопствена криптовалута „Туркоин“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку дена откако Јужно Американската држава Венецуела ја ласнираше првата владина критовалута „петро“, официјална Анкара објави дека има намера да објави сопствена криптовалута наречена „Туркоин“

Минатиот ноември турскиот директорат за религиси работи ги проколна виртуелните валути како не-исламски затоа што не можат да бидат ревидирани и надгледувани, декларирајќи дека употребата на биткоин и слични други криптовалути како илегални активности слични на перење пари.

Сепак, Турција ја гледа шансата и можноста која ја пружаат криптовалутите, и се обидува да презентира сопствена национална криптовалута. Според извештајот на Ал-Монитор, Ахмет Кенан Танрикулу, заемник претседател на Партијата за национално движење, подготвил извештај во кој предлага државна криптовалута наречена Туркоин.
„Светот напредува кон нов дигитален систем. Турција треба да го зграпчи моментот и да креира сопствен дигитален систем пред да биде доцна“, предупредува тој, пренесува Ал-Монитор.

„Бидејќи постои побараувачка, треба да креираме и да пуштиме во оптек наша дигитална валута. Да се опонира на овие валути и е бесцелно. Ова е национално прашање кое бара национален консензус“, додава тој.

Освен партијата на Танрикулу, оваа опција разгледуваат и поддржуваат и од владеачката партија за Правда и Развој на Реџеп Таип Ердоган, откако заеменик премиерот на земјата Мехмет Шимшек неодамна објави дека земјата ќе се спреми за развивање на национална криптовалута.

„Планираме да започнеме со работа на наша дигитална валута. Дигитализацијата ја сметаме се сериозна работа“, изјавил тој во интервју за Си-Ен-Ен.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This