ТУРЦИЈА ПРОДОЛЖУВА СО ВОЕНАТА ОПЕРАЦИЈА: Турската војска „неутрализирала“ 108 курдски борци во изминатата недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турските вооружени сили соопштиле дека 108 курдски борци се „нетурализирани“ во операции, кои биле насочени кон југоистокот на Турција и во северен Ирак во изминатите недела дена

Како што објаснува Ројтерс, турската војска терминот „нетурализирање“ го употребила за да ги означи припадниците на опозициските сили кои се убиени, ранети или заробени.

Војската наведува дека „неутрализирала“ 31 припадник на забранетата Работничка партија на Курдистан во југоисточните провинции Тунџели, Мардин, Дијарбакир и Сирнак.

Војската наведува дека 77 милитанти се „неутрализирани“ во прекуграничните операции, пренесува Ројтерс.

Турската војска во саботата соопшти дека неутрализирала шест милитанти во воздушни удари, чија мета бил северниот ирачки регион Хакурк.

Турција редовно врши воздушни напади врз Работничката партија на Курдистан на северот на Ирак, потсетува Ројтерс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This