ТУРЦИЈА СО ЗАКАНА ДО АМЕРИКА: Ако не ги повлечете војниците од Африн, ќе пукаме и по нив!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските војници во униформи на одредите на народната самоодбрана на сириските Курди (ЈПГ) би можеле да станат цел на операцијата на Вооружените сили на Турција во Сирија, изјави турскиот премиер Бекир Боздаг

„Ако терористите (ЈПГ) не го напуштат сириски Манџаб ќе започнеме воена операција во подрачјето на Сирија, како и во регионот источно од реката Еуфрат. Притоа, американските војници во униформи на ЈПГ можат да станат цели на операцијата на нашите вооружени сили“, изјави Боздаг за телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Боздав во средата го повика Вашингтон да вложи напори за да се спречи судир помеѓу американските и турските војници на северот на Сирија. Според неговите зборови, Анкара прави се за ваква ситуација да се избегне, но напори треба да превземат двете страни.

Турција вчера соопшти дека недалеку од курдската енлава во Африн во Сирија загинале осум турски војници. Пет војници, како што се наведува во соопштението, загинале во напад на тенк на турската војска. Во истата област загинале уште три војници.

Од почетокот на турската офанзива „Маслинова гранка“ загинале 13 турски војници и најмалку 24 војници на нивните партнери од „Сириската опозиција“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This