Турција ја o6вини Европа за плaшeњe на мycлимaнитe: Тoa им ce пpaвeшe на Евреите во 20 вeк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Функционер на турското претседателство денес кажа дека „навредливите карикатури“ на пророкот Мухамед се користат за заплашување на муслиманите во Европа под изговор на слобода на говорот, додека растат тензиите меѓу Анкара и Париз.

Портапролот на турското претседателство Фахретин Алтун ја обвини Европа за демонизација на муслиманите, „како што тоа им се правеше на Евреите во дваесеттите години од минатиот век“.

„Подмолната политика на навредливите карикатури, обвинувањата според кои муслиманите се одговорни за сепаратизам и претресите на џамиите немаат врска со слободата на говорот“, напиша тој на Твитер на англиски јазик.

„Тука станува збор за заплашување на муслиманите и нивно потсетување дека се добредојдени кога придонесуваат на економијата на Европа, но дека истовремено никогаш нема да станат нејзин составен дел“, додаде тој.

Кажа и дека таквиот став кон муслиманите е „многу познат“ од претходно и дека потсетува на „демонизацијата на европските Евреи во дваесеттите години од минатиот век“.

Неговата изјава следи откако Франција го повика на консултации својот амбасадор во Турција, по многу острите коментари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата на сметка на францускиот претседател Емануел Макрон, поради аферата со карикатурите на Мухамед.

Ердоган го доведе во прашање „менталното здравје“ на францускиот претседател и му советуваше да почне да се лекува.

Искажувајќи му почит на Самуел Пати, на кого муслимански напаѓач му ја отсече главата откако на своите ученици им ги покажувал карикатурите на Мухамед на час по слобода на говорот, Макрон кажа дека не намерава да се „откаже од карикатурите“.

„Некои европски лидери денес не ги целат само муслиманите. Тие ги напаѓаат и нашите вредности и нашите свети текстови, нашиот пророк и нашите политички лидери, всушност, нашиот начин на живот“, додаде Алтун.

Истакна дека Европејците досега морале да сфатат дека „муслиманите нема да заминат бидејќи не нѐ сакате. Нема да го свртиме и другиот образ кога нѐ навредувате, туку по секоја цена ќе се браниме себеси и она што е наше“.

Францускиот државен секретар за еврпски прашања Клемен Бон денес во изјава ја осуди „желбата на турскиот претседател Реџеп Ердоган за дестабилизација“. Кажа дека Ердоган „се претставува како заштитник на муслиманите на целосно инструментализиран начин“.

Бон ја повика јавноста да не биде наивна кога станува збор за Турција, онака како што „Европа беше наивна во последните 15 години“.

Тој смета дека „не е случајно тоа што по валканиот напад на наставникот среде Париз на 16 октомври поради покажувањето на карикатурите на Мухамед не следела официјална осуда од Анкара“.

Бон верува дека Ердоган сака „да го искористи тој драматичен настан за да го истакне следното: Франција се бори против муслиманите, а сѐ за луѓето да ги поистоветат исламот и исламизмот“.

Додаде дека смета дека Ердоган се труди „да ја задржи деструктивната двосмисленост, со намера луѓето да го измешаат поимот на борбата против исламизмот која неуморно ја водиме со наводната борба против исламот и муслиманите, која воопшто не постои“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This