ТУРЦИЈА ЌЕ ГИ БРКА СИЛИТЕ НА НАТО ОД ИНЏИРЛИК: Турскиот потпретседател на Влада изјави дека се разгледува можноста за затворање на Инџирлик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на Турската влада Вејси Канак изјави дека Анкара го доведува во прашање присуството на коалициските сили предводени од САД во турската база Инџирлик, соопшти агенцијата Ројтерс
incirlik

Според податоците на британската агенција, Кајнак истакнува дека е во прашање користење на воената база од страна на силите на коалицијата на чело со САД и НАТО, точка која била ставена на дневен ред на седницата на турската Влада. Нешто подоцна, претставникот на претседателот на Турција Ибрахим Калин изјавил дека не треба да се брза во разгледувањето на прашањето за користењето на аеродромот Инџирлик, наведува агенцијата „Ројтерс“. Воздухопловната база Инџирлик во моментот ја употребуваат силите на САД и Турција, нејзината дејност е регулирана со договорот за воена и економска соработка меѓу двете земји. Во неа се базирани авиони на бројни земји кои влегуваат во меѓународната коалиција на чело со САД и учествуваат во воздушни оерации против ИСИС.

Што се крие позади преиспитувањето на односите на Турција и НАТО?

Амур Гаџијев, научен соработник на турскиот сектор на Институтот за ориенталистика на Руската академија на науките вели дека Анкара веќе неколку пати најавуваше преиспитување на односите со НАТО

„Да речеме, минтото лето протекоа информација дека Турција би можела да им дозволи на Руските воздушно-космички сили да ја користат базата Инџирлик во рамки на заедничката борба против меѓународниот тероризам. Следеше остра реакција на Западот и темата се затвори. Но, тоа не значи дека Турција е задоволна со соработката со коалицијата на чело со САД“, вели Гаџијев. Тој потсетува дека Турција и САД имаат сериозни несогласувања кога стануа збор за курдското прашање. За Американците, Курдите се „ударна тупаница“ во борбата против ИСИС, дури и се зборува за формирање на воена алијанса од курдски сили и САД. Тоа не и се допаѓа на Анкара, бидејќи зајакнувањето на Курдите би можело да доведе до формирање на автономни енкалви долж границата со Турција, освен тоа, би се загрозил и територијалниот интегритет на земјата.
„Затоа Анкара дава се од себе за да се спречи поврзување помеѓу Ирачкиот Курдистан и курдските енклави во Сирија и Турските Курди. Вашингтон остана нем на апелите на Анкара да ја намали соработката со курдските сили, и давајќи изјави како оние кои ги дава Кајнак, турските претставници се обидуваат да го променат американскиот став по однос на Курдите“, објаснува Гајџиев.

Освен тоа, како што вели, Турција се соочува со пасивност на меѓународната коалиција, која под измислени изговори одбива да ги уништува објектите на ИСИС кои ги открива Турција. Формално гледано, соработата и понатаму постои, но реално, коалицијата не само што не и помага на Турција кога станува збор за операцијата „Еуфратски Штит“, туку напротив, прави препреки, најавуваќи дека ќе ја стопира операцијата во Мосул и Рака до пролетта 2017 година.

„Турција како членка на НАТО има одредени обврски и не може да се затвори Инџирлик за меѓународната коалиција на чело со САД. Турција и понатаму е членка на Алијансата и овој статус многу и значи. Но, Анкара би можела да го намали присуството на НАТО во оваа база или да забрани одредени активности, на пример полетување од аеродромот, како што се случи во 2003. година за време на инвазијата на Ирак“, заклучува Гајџиев.

=

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This