April 24, 2024, 12:51 am

ТУРЦИЈА ЌЕ ЈА ТУЖИ АМЕРИКА ПРЕД СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА: Наметнатите царински давачки од страна на САД се нереални

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција упатила жалба до Светската трговска организација (СТО) за наметнатите царински давачки за челик и алуминиум од страна на САД, според официјалниот сајт на организацијата.

“Турција побара консултации со посредништво на Светската трговска организација со САД за дополнителните увозни давачки кои официјалната влада на Вашингтон ги воведе за производи од челик и алуминиум. Барањето беше предадено на членките на СТО на 20 август “, се вели во документот.

Односите помеѓу Вашингтон и Анкара се влошија по апсењето на евангелскиот пастор Ендру Бренсон во Турција. Како одговор на ова, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за двајца министри на турскиот кабинет и предупреди за дополнителни мерки, освен ако случајот не биде решен наскоро.

Како резултат на кризата меѓу двете земји, турската лира историски се намали во последниве месеци во однос на еврото и доларот. Од почетокот на годината падна за 40% во однос на овие две светски валути. Ако на почетокот на годината се тргуваше со 3,75 лири за доларот, минатата ноќ вредноста помина над 7 лири. Кризата ескалираше во петокот, кога американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се удвојат  царинските давачки за алуминиум и челик од Турција – до 20 и 50 отсто, соодветно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This