ТAРАВАРИ: Референдумот е луксуз!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијансата за Албанците ќе го поддржи најавениот референдум, но одржувањето на референдумот е луксуз што скапо ќе ја чини државата, смета Арбен Таравари, генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците.
Таравари го појасни ставот за поддршката нагласувајќи дека неговата партија конечниот став ќе го каже кон крајот на август за кога е закажано Централното собрание на партијата.

„Начелно, Алијансата за Албанците ќе се изјасни позитивно на референдумот. Недавањето поддршка на собраниската седница од страна на нашите пратеници за распишување референдум беше став со кој сакавме да укажеме дека нема потреба од такво нешто.
И без и со референдум, пратениците повторно треба да ги гласаат измените во Уставот кои се наведедени во Преспанскиот договор и обврските кои произлегуваат од него. На овој начин, државата ќе направи големи трошоци и е непотребен луксуз“, рече Таравари кој практично го повтори ставот на лидерот на АА, Зијадин Села даден во вчерашното гостување на Алсат М.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This