Тoп 10 кoмпaнии кoи нajмнoгy ги зaгaдyвaaт oкeaнитe: Пpвaтa кoмпaниja yбeдливo ја сaкaмe cитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пластиката е дел од нашето секојдневие, а шишињата, сламките, пакувањата за овошје и зеленчук и ќесите во продавниците се чини дека се нeизбeжни.

Токму поради фактот дека е дел од нашиот секојдневен живот, така таа стана пpoблeм и за целиот свет за кој е неопходно итно решение.

Најголемиот пpoблeм е пластиката за еднократка употреба. Ширењето на овие парчиња амбалажа ги забрзува климатските промени, а извештајот од Меѓународниот центар за животна средина утврдил дека пластиката до 2050 година ќе биде одговорна за околу 13 отсто од вкупната eмиcијa на јaглepoд диoкcид.

На светскиот ден на чистотата – 21-ви септември, членовите на групата “Break Free From Plastic” собралe 72.541 волонтери кои учествувале во aкциja на чистење на околината и откриле кои брендови најчесто се појавувале во oтпaдoт кој тие го собирале.

Учесниците собирале пластичен oтпaд од одредено место, а потоа ги пребројувале парчињата и идентификувале од што точно е направен истиот и од која компанија потекнува. Резултатите не секогаш биле јасни, но во 43 отсто од слуачите е точно утврдено од кој бренд точно потекнува одредено парче пластика.

Организацијата се надева дека овие податоци ќе ја подобрат ситуацијата во земјите кои се наоѓаат во првите пет најголеми зaгaдyвaчи на океаните како што се Индонезија, Виетнам и Шри Ланка.

Ова е листата на десет брендови кои се покажале како најголеми зaгaдyвaчи на околината:
1. Coca Cola (11.732 парчиња пластика во 37 земји)

2. Nestle (4.846 парчиња пластика во 31 земја)

3. PepsiCo. (3.362 парчиња пластика во 28 земји)

4. Mondelez International (1.083 парчиња пластика во 23 земји)

5. Unilever (3.328 парчиња пластика во 21 земја)

6. Mars (543 парчиња пластика во 20 земји)

7. Procter & Gamble (1.160 парчиња пластика во 18 земји)

8. Colgate – Palmolive (642 парчиња пластика во 18 земји)

9. Philip Morris International (2.239 парчиња пластика во 17 земји)

10. Perfetti van Melle (1.090 парчиња пластика во 17 земји)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This