March 29, 2024, 12:08 am

Тpагедија што го шоkиpаше светот: Како наcтанала моpничaвата слика од падот на момчето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертите оцениле дека момчето не би стигнало живо во Токио и да не паднело поради ниската температура или недостатокот на кислород во просторот за тркала.

Застрашувачката приказна се случила во 1970 година, а момчето на фотографијата е Кеит Сапсфорт, 14-годишен австралиски тинејџер.

Уште од раното детство Кеит чудно се однесувал, бегал од дома, одел на излети, поминувал по неколку недели во шума или на станица во потрага по авантури.

Родителите биле свесни за неговите необични страсти па му организирале патувања низ светот надевајќи се дека момчето ќе добие дел од емоциите неопходни за да престане да бега од дома. Но, тоа не го смирило тинејџерот.

На 24 февруари 1970 година, Кеит се одлучил за авантура – лет од Сиднеј до Токио,која се покажала како кобна. Отишол до аеродромот, се качил во хангарот каде што бил авионот ДЦ-8 на компанијата Japan Airlines и се скрил во делот кој служел да ги држи тркалата во текот на летот.

Прочитајте и… Одлични трикови кои ќе ви помогнат да се справите со прашината во домот
При подготовките за полетување момчето останало незабележено. Кога авионот полетал, просторот за тркалата се накосил под специфичен агол, а Кеит Сапсфорт паднал од висина од 60 метри и трагично го загубил животот.

Но тука не е крајот на приказната. Џон Гилпин, фотограф од Сиднеј, го сликал авионот тестирајќи ја новата фотоопрема, а не бил свесен дека во објективот му влегол падот на Сапсфорт.

Седум дена подоцна Гилпин го развил филмот и ја забележал морничавата снимка на фаталниот пад на момчето од авионот.

Кога приказната излегла во јавност, експертите оцениле дека момчето не би стигнало живо во Токио и да не паднело поради ниската температура или недостатокот на кислород во просторот за тркала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This