Тpи жeлeзнички кoмпaнии вo ЕУ opгaнизиpaлe кapтeл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија изрече казни од 48,5 милиони евра на железничките компании во Германија, Австрија и Белгија, за кршење на прописите за конкуренција.

Oesterreichische Bundesbahnen, Deutsche Bahn (DB) и белгиската SNCB се здружиле во картел во прекугранични товарни услуги на клучните железнички коридори во ЕУ, објави Комисијата.

Истрагата покажа дека компаниите разменувале информации за барањата на клиентите да доставуваат понуди за превоз на стока и си давале едни на други поголеми удели во бизнисот, според ЕК.

Ова значи дека тие дистрибуирале клиенти едни на други, што е забрането со европските регулативи, заклучува Комисијата.

„Железничкиот превоз е клучен за моделот на одржливост на економијата, а конкурентноста е важна за да им се даде на клиентите најдобра зделка кога користат одржлив транспорт“, рече комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргрет Вестагер.

Компаниите го организираа картелот од 2008 до 2014 година, утврди ЕК, додавајќи дека австриската OeDB ја поштедила од казна, давајќи и имунитет според прописите што ја овозможуваат оваа можност во случај на откривање на информации и соработка во истрагата.

Најголемата сума треба да ја плати германска компанија, од 48,3 милиони евра, а ЕК забележува дека износот е зголемен за 50 проценти, бидејќи Дојче Бан е „рецидивист“.

Сите три компании признаа дека учествувале во картелот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This