- Advertisement -
На 30.04.2021 во 19.10 часот било пријавено дека во с.Сушица, трактор „масеј фергусон“, без регистарски ознаки, управуван од З.Т.(34) удрил во пешакот Т.С.(38), и двајцата од с.Сушица.
– Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.