March 29, 2024, 12:48 am

Тpaмвajoт нa Шилегов – екoлoшka kaтacтpoфa зa Cкопје?: Ќе пpeгaзи и yништи 40.000 квaдpaтни мeтpи зeлeнилo вo дoлжинa oд 10 килoмeтpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шилегов во својот мандат ништо не изгради, освен што претпријатијата ги наполни со партиски војници, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со реакцијата на Град Скопје на интервјуто на поранешниот градоначалник, Коце Трајановски.

– За овие четири години Скопје од Шилегов доби само уназадување и полнење на претпријатија со партиски војници. Граѓаните на Скопје многу добро знаат дека додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт се градеше. Значи „Скопје 2014“ се градеше, но се градеа и многу други работи, како што е жичарата, „Борис Трајковски“, Арената „Филип Втори“, булевари, катни гаражи, Градот Скопје, ПУИК, Општина Центар итн. Со „Скопје 2014“ градот привлече четири пати повеќе туристи, дури Скопје стана прв туристички град во Македонија, поголем дури и од Охрид, се вели во реакцијата.

Граѓаните на Скопје, се додава во соопштението, знаат дека Петре Шилегов единствено руши, а ништо не гради.

– БРТ (зголобен автобус наречен трамвај на гумени тркала) на Петре Шилегов нема да има ефект од тоа, ќе ги намали автобуските станици, и ќе се уништи зеленилото во најмалку десет километри, што значи дека околу 30-40.000 метри квадратни ќе биде уништено зеленило во Скопје. Единствено решение за решавање на сообраќајот во Скопје се електрични автобуси кои што чинат околу половина милион евра еден. Проектот за БРТ на Шилегов единствено ќе донесе поголем револт кај граѓаните. Локалните избори се ближат, граѓаните на Скопје ќе го казнат Шилегов за неработата, за лагите и лажните ветувања, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This