Тpojцa o6винитeли oд пopaнeшнoтo СЈО вo тимoт нa Русковска – eвe зa кoгo ce paбoти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со кое раководи Вилма Русковска.

Советот на јавни обвинители со гласање ги избра Лиле Стефанова, Наташа Поп-Трајкова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Катерина Коларевиќ да преминат од основните јавни обвинителства каде работеле во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Според биографиите кои пред гласањето ги читаше претседателот на Советот на јавни обвинители, кандидатите имаат од 8 до 16 години искуство како јавни обвинители. Најголем стаж има Лиле Стефанова, која веќе беше јавен обвинител во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, до пред да премине во специјалното јавно обвинителство.

„Лиле Стефанова работела како основен јавен обвинител во основното јавно обвинителство во Радовиш во периодот од 2004 до 2010 година. Од 2010 година до 2015 година била јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа во СЈО. Има стаж како јавен обвинител од 16 години и добиено оценка од 25 поени. Артан Ајро бил избран во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2012 година, каде ја обавувал функцијата до 2015 година. Потоа бил избран за обвинител во СЈО, а од 2019 до денес е обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје. Тој има стаж од 8 години и оценка од 25 поени. Трајче Пеливанов бил избран за јавен обвинител во Основото јавно обвинителство во Скопје во 2009 година и ја обавувал функцијата до 2015 година. Бил избран за јавен обвинтиел во СЈО, а од 2019 година, функцијата ја обавува во Обвинителството во Скопје. Има стаж од 11 години и оценка од 25 поени“, кажа претседателот Колев кој читаше дел од биографиите на обвинителите.

Од останатите кандидати, Наташа Поп-Трајкова и Катерина Коларова ќе направат трансфер од основните обвинителства во Скопје и Струмица во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Наташа Поп-Трајкова во 2012 година била избрана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство-Струмица каде сè уште ја извршува оваа функција. Истата има стаж од 8 години и оценка од 24.5 поени. Катерина Коларова била избрана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година и ја обавува функцијата се до денес. Има стаж од 11 години како јавен обвинител. Има оценка од 25 поени.

Меѓу кандидатите кои не го добија потребниот број на гласови се Елизабета Јосифовска која беше заменичка на Катица Јанева во СЈО, специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, обвинителот Никола Доблев, специјалниот јавен обвинител Љубомир Лапе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This