УАПСЕНИ ДВАЈЦА ПРИПАДНИЦИ НА ПАРАВОЕНАТА ГРУПА: Словенечката полиција приведе две лица за кои се сомнева дека се дел од групата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечката полиција уапси двајца мажи за кои се сомнева дека и припаѓаат на паравоена група, а откако на социјалните мрежи се појави снимка на групата, која се изјаснува за војска на Штаерска.

Полицијата потврди на Твитер дека по претрес на пет куќи во Марибор и околината, уапсила двајца мажи, но не прецизра дали се работи за членови на групата на Андреј Шишко.

Словенечкиот портал 24ур објави пред неколку дена дека поранешниот кандидат за претседател Шишко ја предводи т.н. „Штаерска гарда“, која ја формирал по прогласувањето на независност на источно словенечкиот регион минатата година.

Полицијата соопшти дека врз основа на снимката спроведува истрага. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This