УАПСЕНИ ТРОЈЦА АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИ: Илегално влегле во Македонија и го прекршиле полицискиот час​

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, државјани на Република Албанија, заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите, на 24 мај, на подрачјето на општина Маврово и Ростуше, ги прекршиле правилата за ограничување на движењето за време на полицискиот час, при што биле затекнати од овластени полициски службеници. При проверка на нивниот идентитет, било утврдено дека обвинетите, на возраст од 31, 32 и 34 години, илегално влегле на територијата на Република Македонија.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за лицата да определи мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на обвинетите им определи притвор во траење од осум дена.

Освен ова, гостиварското обвинителство за истото кривично дело денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 7 полнолетни лица, како и барање за поведување подготвителна постапка против едно малолетно лице.

Сите се товарат дека го сториле кривичното дело, непостапувајќи по Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, односно биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час.

Со предлозите за издавање казнени налози обвинителството предложи парични казни за обвинетите од по 100 дневни глоби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This