March 28, 2024, 12:01 pm

УАПСЕНИ ТРОЈЦА ТЕРОРИСТИ НА КОСОВО: Тројца Косовари подготвувале терористички дејствија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основниот суд во Приштина, постапувајќи по барање на Специјалното обвинителство на Косово, им одреди 30-дневен притвор на трите лица кои беа уапсени денеска во Призрен и во Скендерај (Србица), под обвинение за сторено кривично дело „подготвување на терористички дејствија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата, во изјава за „Коха Диторе“ попладнево ја потврди портпаролката на Судот, Мирлинда Гаши, која информира дека уапсените ќе останат во притвор до 29 јули.

Како што беше претходно објавено, рано утрово, во акција на косовската полиција, по неколкумесечна истрага водена од косовската Управа за борба против тероризмот, беа уапсени тројцата осомничени Косовци. Во исто време, врз основа на меѓународна потерница издадена од приштинскиот суд, во Германија е уапсено уште едно лице, поврзано со истиот случај.

Косовската Управа за борба против тероризмот, во врска со случајот, соопшти дека тесно соработувала со надлежните германски органи.

МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This